
Добредојдовте
Феријален дом - Скопје
Се наоѓа во центарот на градот. Се е во непосредна близина ( музеи, галерии, пошта, Скопското Кале, Градскиот Трговски Центар) за да можете да го доживеете градот со само два чекора од хотелот. Ние сме отворени за луѓе од најразлични возрасти и нудиме буџетни, чисти и удобни сместувања. Сите соби се со два кревета. Работиме успешно од Декември 1959 год. со уникатен рецепт за привлекување на секакви туристи - квалитет, удобност и ефтино сместување. Хотелот има капацитет од 60 кревети, распоредени во еден апартман и 25 соби, од кои 22 се двокреветни, 2 се со 4 - креветни и една 5 - креветна соба. Сите соби се опремени со клима, кабловска и безжичен интернет. Хотелот работи 24/7 низ целата година. Имаме свој паркинг простор и наш ресторан. Дојдете и проверете!




